Заедно учиме, растеме и се инспирираме – наставниците се здружуваат за унапредување на образованието.
„Континуирано учење: кооперативно и иновативно“ - Конференција за наставници по германски јазик, Крагуевац 20.09. - 21.09.2024, Србија
Иднината им припаѓа на оние, кои се подготвени истата активно да ја обликуваат, а ОБРАЗОВАНИЕТО е вистинскиот клуч до целта!
Ова е само една од многуте поенти, кои беа потенцирани на Конференцијата за наставници по германски јазик, која во периодот од 20. до 21.09.2024 г. се одржа во Крагуевац, соседна Србија.
Покана за XVII. Конференција на наставници по германски јазик во Поградец, Албанија
Под мотото „Да се проговори: Дизајнирање на процесите на поучување и изучување на предметот германски како странски јазик во свет кој се менува“, во периодот од 13 до 14 Декември, во Поградец ќе се одржи 17 Конференција на наставници по германски јазик и книжевност, организирана од страна на Здружението на наставници по германски јазик на соседна Албанија.
Нашето Здружение има отворена покана за учество на овој инспиративен настан, кој отвора можност за меѓусебно поврзување, соработка и размена на искуства.
Колегите кои имаат желба да бидат дел од овој настан може да се пријават на следниот линк:
Рокот за доставување на апстракт е 1 Ноември, а детали за темите и останати информации ќе ги најдете во повикот во прилог.