13Декември2017

МЕДИА ЦЕНТАР Актуелности ОЛИМПИЈАДА ЗА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК 2017

ОЛИМПИЈАДА ЗА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК 2017

  • PDF

g

Драги наставници, ученици, родители и заинтересирани партнери,

Германската олимпијада е национален натпревар во Македонија, кој се одржува секоја година и на кој учениците може да ги покажат своите познавања од германскиот јазик.

Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија (MKDV) и оваа година во соработка со Гетеовиот институтот ја организира олимпијада за германски јазик за учениците од основните и од средните училишта. Олимпијада е одобрена од Мнистерството за образование и наука. Амбасадата на СР Германија во Скопје, Гетеовиот институт, Германската служба за педагошка размена (PAD) и оваа година на победниците на олимпијадата ќе им подарат стипендии за изучување на јазикот во Германија како и други вредни награди.

1. Кој може да учествува?

Право на учество имаат учениците што го изучуваат германскиот јазик во деветто одделение во основните училишта или во втора година во средните училишта. Секое училиште може да пријави најмногу два ученика за натпреварот. Средните училишта во кои јазикот се изучува со повеќе од 2 часа неделен фонд имаат право да пријават четири ученици: двајца од обичните паралелки и по двајца од „германските паралелки“. Учениците за натпреварот ги пријавуваат училиштата по препорака на наставникот по германски јазик.

Напомена: Во категоријата средно училиште во кое јазикот се изучува со фонд поголем од 2 часа неделно учествуваат ученици од средните училишта кои посетуваат интензивна настава по германски јазик со неделен фонд поголем од 2 часа. За оваа категорија можат да се пријават и ученици кои го владејат германскиот јазик на ниво Б1+.

Немаат право на учество ученици кои:

-          континуирано престојувале во земја од германско јазично подрачје подолго од 6 месеци,

-          имаат родител чиј мајчин јазик е германскиот.

Напомена: прикривање и погрешно наведување нагоренаведените податоци резултира со дисквалификација, односно одземање на наградата.

2. До кога можат да се пријават учесниците?

Рокот за пријавување завршува на 20.02.2017. До тогаш наставниците треба да ги пријават учесниците кај Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонијана следнава електронска пошта: dlvmak@yahoo.de

3. Што треба да знаат учесниците?

Учесниците покажуваат дека самостојно го владеат германскиот јазик согласно постигнатото ниво во осмо одделение, односно втора година. Се испитуваат сите четири јазични вештини (пишување, читање, слушање и зборување).

Задачите се подготвени според глобалната скала на Заедничката европска референтна рамка за јазици и тоа: рамниште А2 (основно училиште) и рамниште B1 (средно училиште со неделн фонд од 2 часа) и B1+ (со неделен фонд над 2 часа)

4. Детални правила за Олимпијадата

Олимпијадата има две фази. Првосе одржуваат регионалните натпревари. На регионалните натпревари ќе се квалификуваат најдобрите учесници кои ќе учествуваат на Националната олимпијада.

Регионалните натпревари ќе бидат организирани на следниот начин:

-          Регионалните натпревари се одржуваат на 04.03.2016 со почеток во 10 часот.

-          Училиштата согласно регионот во кој се наоѓаат припаѓаат учествуваат на натпреварот во еден од следниве региони:

-          Скопски и Североисточен регион

-          Југозападен и Полошки регион

-          Источен и Југоисточен регион

-          Вардарски и Пелагониски регион

За секој регион Здружението определува жири од тројца наставници по германски јазик и/или други членови од Здружението, како и Комисија за приговори.

Задачите за писмениот и устниот испит ќе бидат доставени до еден член на жирито. Документите се отвораат во присуство на сите членови на жирито на денот на одржувањето на Олимпијадата.

Жирито обезбедува соодветни простории за одржување на испитот, ги распределува кандидатите на соодветни места и се грижи за непречено изведуање на натпреварот.

Надзорот го врши жирито.

Учениците не смеат да ја напуштат училницата за време на испитот.

По завршување на писмениот испит, ученикот му го предава тестот на жирито и ја напушта просторијата.

Како се оценуваат тестовите?

Писмените тестови ги прегледуваат и оценуваат тројца членови на жирито.

Врз основа на успехот на писмениот испит, првата третина од учесниците продолжува на усниот дел.

Секој дел од испитот се оценува со максимално 25 поени (слушање, читање, пишување, зборување). Максималниот број на бодови изнесува 100.

Во случај на измами и други неправилности за санкциите одлучуважирито.

Кај обид за измами сите делови од испитот се оценуваат со 0 поени.

Победниците се прогласуваат истиот ден.

5. Што може да се освои на Олимпијадата 2017?

Регионален натпревар

Сите учесници добиваат сертификат.

Национален натпревар

За победниците на национално ниво се обезбедени вредни стипендии:

-          Три стипендии за посета на курс за млади во Германија кој е обезбеден од Педагошката служба за размена (ПАД) за победниците од двете категории средни уилишта.

-          Стипеднии за посета на јазичен курс и други вредни награди за победниците од категоријата основни училишта.

Напомена: Учениците кои во последните четири години освоиле стипендија за јазичен курс во земјите на германското јазично подрачје смеат да учествуваат на натпреварот, но не можат да добијат стипендија (Пропозиција на германските институции).

Очекуваме учество на многу мотивирани учесници и на сите им посакуваме успех.

проф. д-р Емина Авдиќ

претседател

на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на РМ


КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de