Покана за учество на ликовен натпревар на тема „БАЈКИ“ за ученици од основните училишта
На 20 декември 2012 се одбележува 200 - годишнината од издавањето на првата збирка бајки за деца од Браќата Грим. По тој повод Здружението на наставници по германски јазик и Гете институт – Канцеларија за врски Скопје организираат ликовен натпревар на тема „БАЈКИ ОД БРАЌАТА ГРИМ“.
Право на учество
На натпреварот може да учествуваат сите ученици од основните училишта на кои сликањето им претставува задоволство.
Секој учесник може да учествува само со една слика.
Што треба да се насликам?
Мотив или сцена од бајките на Браќата Грим
Големина на сликата и техники на сликање
Големината на сликата учесниците може сами да ја определат. Техниката исто така е слободна. Може да се употребат водени, темперни, восочни и други бои. Дозволени се и колажи. За фантазијата нема ограничувања.
Важни критериуми при доделувањето на поените:
• Колку сликата асоцира на некоја бајка?
• Колку е оригинална?
• Колку естетски е добро изведена?
Учесниците смеат да учествуваат само со слика која самите ја насликале.
Категории за учество
Прва категорија: Ученици од 1, 2 и 3 одделение
Втора категорија: Ученици од 4, 5 и 6 одделение
Трета категорија: Ученици од 7 и 8 одделение
Оценување на пристигнатите изработки
Изработките ќе бидат оценувани од независно жири, во три категории. Одлуката на жирито е конечна и неоспорна.
Рок на испраќање
Сликите треба да се испратат по пошта најдоцна до 10.02.2013 на следната адреса:
Ивона Димова
(за ликовен натпревар)
Ул.Маршал Тито“ бр.69-2/2
1400 Велес
Задолжителни податоци:
Следните податоци задолжително треба да се напишат на задната страна на сликата:
• Име, одделение, училиште, место, телефон или Е-маил, име на наставникот ментор
• Назив на сликата
Податоците на учесниците ќе бидат употребени само во рамки на ликовниот натпревар и нема да се даваат на трети лица.
Доделување на наградите
Победниците писмено ќе бидат известени.
На најдобрите во трите категории ќе им бидат доделени дипломи и вредни награди.
Важно:
Изработките не се враќаат. Со учество на натпреварот учесниците и нивните родители искажуваат согласност нивните слики да се објавуваат и да се користат за потребите на Здружението на наставници по германски јазик и Гете институт.
Со задоволство ги очекуваме вашите уметнички дела!
{jathumbnail off}