29Март2024

НАТПРЕВАРУВАЊА Резултати ОЛИМПИЈАДА ЗА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК 2016

ОЛИМПИЈАДА ЗА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК 2016

  • PDF

 

germ
Драги наставници, ученици, родители и заинтересирани партнери,

Германската олимпијада е национален натпревар во Македонија, кој се одржува секоја година и на кој учениците може да ги покажат своите познавања од германскиот јазик.

Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија (MKDV) и оваа година во соработка со Гетеовиот институтот ја организира олимпијада за германски јазик за учениците од основните и од средните училишта. Олимпијада е одобрена од Мнистерството за образование и наука. Амбасадата на СР Германија во Скопје, Гетеовиот институт, Германската служба за педагошка размена (PAD) и оваа година на победниците на олимпијадата ќе им подари стипендии за изучување на јазикот во Германија како и други награди.

1. Кој може да учествува?

Право на учество имаат учениците што го изучуваат германскиот јазик во деветто одделение во основните училишта или во втора година во средните училишта. Секое училиште може да пријави најмногу два ученика за натпреварот. Учениците за натпреварот ги пријавуваат училиштата по препорака на наставникот по германски јазик.

Напомена: Во категоријата средно училиште (ЗФА паралелки) учествуваат ученици од средните училишта кои посетуваат интензивна настава по германски јазик согл.програмата на ЗФА. За оваа категорија можат да се пријават и ученици кои го владејат германскиот јазик на ниво Б1+.

Немаат право на учество ученици кои:

-          Континуирано рестојувале во земјиа од германско јазично подрачје подолго од 6 месеци,

-          имаат родител чиј мајчин јазик е германскиот.

Напомена: прикривање ипогрешно наведување на горенаведените податоци резултира со дисквалификација, односно одземање на наградата.

2. До кога можат да се пријават учесниците?

Рокот за пријавување завршува на 15.02.2016. До тогаш наставниците треба да ги пријават учесниците кај Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија на следнава електронска пошта: dlvmak@yahoo.de

3. Што треба да знаат учесниците?

Учесниците покажуваат дека самостојно го владеат германскиот јазик согласно постигнатото ниво во осмо одделение, односно втора година. Се испитуваат сите четири јазични вештини (пишување, читање, слушање и зборување).

Задачите се подготвени според глобалната скала на Заедничката европска референтна рамка за јазици и тоа: рамниште А2 (основно училиште) и рамниште B1 (средно училиште) односно B1+ (ЗФА паралелки)

4. Детални правила за Олимпијадата

Олимпијадата има две фази. Прво се одржуваат регионалните натпревари. На регионалните натпревари ќе се квалификуваат најдобрите учесници кои ќе учествуваат на Националната олимпијада.

Регионалните натпревари ќе бидат организирани на следниот начин:

-          Регионалните натпревари се одржуваат на ист ден во исто време. Точниот термин ќе биде објавен по истекот на пријавувањето.

-          Училиштата согласно регионот во кој се наоѓаат припаѓаат учествуваат на натпреварот во еден од следниве региони:

-          Скопски и Североисточен регион

-          Југозападен и Полошки регион

-          Источен и Југоисточен регион

-          Вардарски и Пелагониски регион

За секој регион Здружението определува жири од тројца наставници по германски јазик и/или други членови од Здружението, како и Комисја за приговори.

Задачите за писмениот и устниот испит ќе бидат доставени до еден член на жирито. Документите се отвораат во присуство на сите членови на жирито на денот на одржувањето на Олимпијадата.

Жирито обезбедува соодветни простории за одржување на испитот, ги распределува кандидатите на соодветни места и се грижи за непречено изведуање на натпреварот.

Надзорот го врши жирито.

Учениците не смеат да ја напуштат училницата за време на испитот.

По завршување на писмениот испит, ученикот му го предава тестот на жирито и ја напушта просторијата.

Како се оценуваат тестовите?

Писмените тестови ги прегледуваат и оценуваат тројца членови на жирито.

Врз основа на успехот на писмениот испит, првата третина од учесниците продолжува на усниот дел.

Секој дел од испитот се оценува со максимално 25 поени (слушање, читање, пишување, зборување). Максималниот број на бодови изнесува 100.

Во случај на измами и други неправилности за санкциите одлучува жирито.

Кај обид за измами сите делови од испитот се оценуваат со 0 поени.

Победниците се прогласуваат истиот ден.

5. Што може да се освои на Олимпијадата 2016?

Регионален натпревар

Сите учесници добиваат сертификат.

Национален натпревар

За победниците на национално ниво се обезбедени вредни стипендии:

-          Три стипендии за посета на курс за млади во Германија кој е обезбеден од Педагошката служба за размена (ПАД).

-          Две стипендии за учество на Интернационалната Олимпијада по германски јазик

Напомена: Учениците кои во последните четири години освоиле стипендија за јазичен курс во земјите на германското јазично подрачје смеат да учествуваат на натпреварот, но не можат да добијат стипендија (Пропозиција на германските институции).

Очекуваме учество на многу мотивирани учесници и на сите им посакуваме успех.

проф. д-р Емина Авдиќ

претседател

на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на РМ

 

{JAThumbnail off}

КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de