01Декември2023

Олимпијада 2020

  • PDF

logo malo

Почитувани колешки и колеги,

од 1 до 15 февруари е рокот за пријавување на учесниците на германската јазична олимпијада. Колегите наставници/ чки и професори/ ки ќе ги пријават своите кандидати кои што ги имаат избрано за учество на годинешново натпреварување. Заради педантна и ажурна организација по 15 февруари нема да можат да се пријават повеќе други ученици. Ве молиме имајте го ова на ум.

   Како и до сега пријавувањето ќе се извршува преку меилови кај регионалните лидери. Годинава забележуваме растење и зголемување на нашиот тим, и секој регион ќе биде претставен од две вакви лидерки.

Скопскиот и североисточниот дел (тука спаѓаат и Велес и Куманово) ќе биде претставен од колешките:

Орнела Милевиќ, ќе пријавува ученици од ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

ornela.mkdv@gmail.com

Емилија В. Спасов,  од СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА.

emilija.mkdv@yahoo.com

Централниот и Пелагониски дел од колешките :

Елена Келтаноска Лашкоска  ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

elena.mkdv@yahoo.com

Нина Илиќ  СРЕДНИ УЧИЛИШТА

nina.mkdv@yahoo.com

Источниот од :

Васка Пандова ОСНОВНИ УЧИЛИШТA

vaskaana@yahoo.com

Марица Рунтева СРЕДНИ УЧИЛИШТА

marica.runteva@yahoo.de

Западниот од :

Радмила Толеска ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

radmila.mkdv@yahoo.com

Аријета Селими СРЕДНИ УЧИЛИШТА

arijetaselimi@yahoo.com

Нашиот член Бојана Цветаноска ќе ви пишува за сите нејасни работи и прашања. За било какви нејаснотии обратете и се на меилот.

b_cvetanoska@hotmail.com

НОВО !!

  • Како што веќе знаете, годинава ќе имаме посебни тестови за специјалните паралелки средно образованиеи поради премалиот број на ученици кои се натпреваруваат во оваа категорија овие ученици веднаш ќе одат на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР. Значи нема потреба да се појавуваат на регионалните натпревари.
  • Годинава во Дрезден ќе се одржи и Интернационалната Германска Олимпијада(ИДО) во Дрезден, Германија. До сега за оваа награда и учество се бореа учениците од 9то одделение основно и 2ра година средно училиште, односно победниците од 9то и 2ра учествуваа на светската олимпијада и ја претставуваа Македонија. За прв пат, во соработка со Гете- институт, одлучивме годинава да им дадеме прилика за учество и на 8мо одделение основно и 1ра година средно образование, бидејќи самата ИДО го дозволува и бара ова, според возраста на децата.
  • Кандидатите пријавувајте ги само со кирилично писмо. * Учениците Албанци можат да пишат и на латинично писмо.
  • При пријавување годинава мора да испратите и по едно прашање за секоја генерација. Наставниците од основните школи праќаат по едно прашање за 6то, 7мо , 8мо и 9то одделение. Од средно по едно за 1ва, 2ра, 3та и 4та година. ПРАШАЊАТА СЕ КАКВИ ВИЕ САКАТЕ! Годинава ова го направивме како ЗАДОЛЖИТЕЛНА категорија. Ве замолуваме да испратите и прашања.

ВАЖНО !! ВАЖНО !! ВАЖНО !!

        Сите ученици од 8мо и 1ва средно кои ќе бидат пријавени за ИДО ќе се натпреваруваат со постарите соученици од 9то и 2ра година средно и ќе ги имаат нивните тестови. Штом се натпреваруваат со постарите ученици, 8мо одделенците и 1ва година средно, автоматски не се натпреваруваат во нивните вистински одделенија.ИДО не е задолжително. Учениците, наставниците и родителите одлучуваат за тоа во која категорија ќе се натпреварува ученикот.

Она што наставниците треба да го сторат при пријавувањето е кај својот кандидат во делот КАТЕГОРИЈА на табелата за пријавување да допишат ИДО. Значи, како и до сега, во делот КАТЕГОРИЈА, пишувате дали детето учи од прво одделение германски за основни училишта ( од 1во), или е во специјална паралелка во средно училиште (специјална), и само кај 8мо одделение и 1ва година средно додавате ИДО доколку кандидатот го пријавувате за ИДО награда.

Име и презиме на ученикот

Паралелка

Училиште

Општина

Регион

Ментор

Еmail на наставникот

Телефон на наставникот

Категорија

Пример Примеровски

8

X

X

X

X

X

X

                         8 одд (ИДО)

Или    8 одд од прво одделение (ИДО

Emri dhe mbiemri i nxënësit

Paralelja

Shkolla

Komuna

Regjioni

Mentor

E-mail i mësimdhënësit

Telefoni i mësimdhënësit

Kategoria

                 

Информациите околу училиштата на одржување, како и повеќе околу наградите, ќе објавиме додатно.

Со почит

 

 

 


КОНТАКТ
Здружение на наставници по германски јазик  и книжевност на РМ.
ул. Орце Николов 155 а, Центар за странски јазици - 1000 Скопје, Македонија
Ж.С 300000001613243 Комерцијална Банка А.Д Скопје
е-маил:
dlvmak@yahoo.de