Почитувани,
Aплицирањето за акредитација на здружението е во тек, а додека сето тоа оди, можеме да започнеме со пријавување на учениците. За датумите на натпреварите ќе ве известиме додатно, исто како и за стипендиите.
Остануваме на ставот да се пријавуваат по тројца(3) ученици од генерација. Менторите ќе ги пријавуваат своите ученици на ливчињата за пријавување кои ќе ги добиете со овој меил. Притоа, секој ученик за учество на натпреварот ќе треба да уплати котизација во износ од 100 денари, како и до сега. Со котизацијата учениците го обезбедуваат своето присуство на натпреварот за двете кола, како и сендвич/ кифла (затворен херметички) и шише вода.
Пријавувањето ќе трае до 1ви март.
За да ја олесниме целата процедура пријавувањата ќе одат регионално и учениците од средните и основните училишта ќе ги пријавуваат кандидатите одделно.
Колегите кај кои што ќе можете да ги пријавувате децата се:
За Скопски регион (вклучително Куманово и Велес)
- За основните училишта кај Санда Гочев sanda.mkdv@yahoo.com
- За средните кај Hanife Mehmeti hanife.mkdv@yahoo.com
За Исток
- За основните училишта кај Марија Кимова kimova.mkdv@yahoo.com
- За средните кај Сашо Данилов saso.mkdv@outlook.com
За Запад
- За основните училишта кај Радмила Толеска radmila.mkdv@yahoo.com
- За средните кај Васе Анѓелески на vase.mkdv@yahoo.com
За Пелагониски регион
- Елена Келтаноска elena.mkdv@yahoo.com
- Дона Атанасоска donna.mkdv@yahoo.com
За сите додатни понатамошни информации ќе ве известиме благовремено.
Секое добро