За НАС

Кои сме Ние

Ние сме заедница на наставници посветени на промоција и ширење на германскиот јазик и култура.

Нашите цели и задачи се насочени кон градење на силна заедница на наставници по германски јазик и зајакнување на значењето на германскиот јазик во нашата земја.

120 наставници
8 регионални ограноци
minimal logo

Наши приоритетни цели:

  • Соработка помеѓу наставниците по германски јазик во основните и во средните училишта.
  • Можности за усовршување на стекнатите компетенции на наставниците со тренинг програми за кариерен развој во земјата и странство.
  • Популаризација на германскиот јазик како еден од најатрактивните странски јазици во земјата, преку организација на различни активности и настани.
  • Вмрежување со здруженија од земјата и странство со слична дејност и заедничко учество во проекти заради создавање на продуктивна база за размена на искуства во процесот на доживотно учење.
  • Промоција, популаризација и публикација на стручни и научни достигнувања за методика и дидактика во изучувањето на германскиот како странски јазик.

НАША МИСИЈА

Здружението активно ја поддржува љубовта
и промоцијата на германскиот јазик и култура во Македонија.

НАША ВИЗИЈА

Создаваме заедница за учење што ја цени разновидноста, гради културни мостови и ги обединува луѓето.

Нашата визија е нашите наставници да бидат препознаени како водечки стручњаци и нашето Здружение да биде познато како промотор за иновативни методи за учење и меѓу културна размена.

minimal logo

„Градиме свет во кој германскиот јазик и културата се достапни и инспиративни за сите!“

MKDV