Септември 2026

Поврзани. Заедно. На германски јазик.

Конференција за наставници по германски јазик, Белград, 18–19 септември 2026 г

Два прекрасни дена исполнети со размена на искуства, нови познанства, инспиративни средби и идеи!


Со нашата работилница имавме можност да дадеме свој мал придонес кон успешната реализација на овој настан, отворајќи простор за интересни разговори, нови перспективи и размена на искуства во духот на заедништвото и заедничката посветеност на германскиот јазик.

Упатуваме срдечна благодарност до Здружението на наставници по германски јазик на Србија за поканата и одличната организација на настанот!