

Јуни 2026
Конференција за наставници по германски јазик од средните DSD / DSD PRO училишта
Од 30 јуни до 2 јули 2026 година нашите колешки од DSD-училиштата учествуваа на стручната конференција DSD / DSD Pro што се одржа во Минстер, Германија.
Во фокусот на конференцијата беа наставата по германски јазик, планирањето заеднички наставни активности, како и развојот на нови меѓународни проекти и партнерства.
Заедно со колеги од Црна Гора, учесниците разменија искуства, добри практики и нови идеи. Притоа беа воспоставени нови професионални контакти и отворени нови можности за идни соработки и заеднички Erasmus+, DSD и DSD Pro активности.
Здружението на наставници по германски јазик на Македонија ги поздравува и поддржува ваквите иницијативи, кои придонесуваат за унапредување на наставата по германски јазик и зајакнување на меѓународната соработка во образованието.