

Април 2026
Охрид | Продуктивна и фокусирана средба на Претседателството и УО на МКДВ со поглед кој дава спокој и влева надеж за понатамошен раст и развој.
Во периодот 24 – 25 април, Претседателството и УО на Здружението, одржаа интензивен работен состанок на кој темелно се евалуираше спроведувањето, но и резултатите од последната Олимпијада по германски јазик.
Врз основа на важечките правилници и бројните повратни информации од терен, беа разработени конкретни подобрувања на дел од одредбите, вклучени во нова нацрт-верзија. Дополнително, една возбудлива идеја доби појасна форма: организација на национална одн. регионална конференција за наставници по германски јазик – простор за размена, инспирација и заеднички перспективи.
Голема благодарност до сите учесници за ангажманот, идеите и конструктивната соработка!