Септември 2025
Еднодневна обука на „Просветно Дело“ и германската издавачка куќа Ernst Klett Verlag
На 29 и 30 септември во Скопје се одржа еднодневна обука за наставниците по германски јазик од основните училишта, посветена на промоцијата и практичната употреба на новоодобрените дидактички помагала од едицијата „Klasse!“ на Ernst Klett Verlag, одобрени од Министерството за образование и наука.
Организатор на настанот беше издавачката куќа „Просветно Дело“ од Скопје, во соработка со Ernst Klett Verlag од Германија и Здружението на наставници по германски јазик. Во фокусот на обуката беше новиот учебник „Klasse!“, кој го претстави стручниот консултант на Ernst Klett Verlag, г-ѓа Џенифер Сванда. Настанот понуди можност за размена на искуства и идеи, како и за стекнување практични вештини за примена на современи наставни пристапи.
Посебно интересна беше и работилницата „Allango ohne Angst“, на која искусни наставнички од нашето Здружение споделија корисни совети за дигиталната употреба на Klett-учебниците. Настанот помина во знакот на мотивација, свежи идеи и позитивна енергија – доволен поттик за понатамошно осовременување на наставата по германски јазик во нашите училишта.