
Гете-институтот Скопје започнува со организирање на курсеви и испити од 01.01.2016 година. На институтот ќе можете да ги полагате интернационално признатите испити на Гете-институтот, да се подготвувате за полагањето на испитите и да ја подобрите Вашата јазична компетенција.
Ќе се нудат курсеви за возрасни и деца, екстензивни, интензивни и суперинтензивни курсеви, како и викенд курсеви и специјални курсеви за фирми и администартивни службеници.