ГИ ПОВРЗУВАМЕ И ПОДДРЖУВАМЕ НАСТАВНИЦИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
Нашата мисија е да ја поддржуваме љубовта кон германскиот јазик и култура, преку изградба на јака мрежа од наставници, обезбедување на можност за нивно унапредување на професионален план и организирање на културни настани кои имаат за цел да го промовираат германскиот јазик.
КОИ СМЕ НИЕ
Октомври 2025
Октоберфест 2025 во „Дом на АРМ“ – без пиво, но со многу смеа!
Кој вели дека за добар Октоберфест мора пиво?
Нашиот училиштен Октоберфест 2025 покажа дека и без кригли, може да има мнооогу радост, песна и германски дух!
На 8 октомври, „Дом на АРМ“ - Струмица беше исполнет со боите на Германија, со звуци на музика, мирис на вкусни залчиња и најважно со насмевки на сите лица!
Септември 2025
Еднодневна обука на „Просветно Дело“ и германската издавачка куќа Ernst Klett Verlag
На 29 и 30 септември во Скопје се одржа еднодневна обука за наставниците по германски јазик од основните училишта, посветена на промоцијата и практичната употреба на новоодобрените дидактички помагала од едицијата „Klasse!“ на Ernst Klett Verlag, одобрени од Министерството за образование и наука.
Септември 2025
Еднодневен семинар на „Арс Ламина“ и Hueber Verlag
Во пријатниот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во Дајмонд мол – Скопје, на 12 септември 2025 година се одржа еднодневен семинар во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и германскиот издавач Hueber Verlag од Минхен.
На настанот присуствуваа наставници по германски јазик од средните училишта низ Македонија, а семинарот го водеше Ивана Хорватинчиќ Ајаји, долгогодишна советничка и обучувачка за Hueber Verlag, со богато искуство во наставата по германски и англиски јазик.
Јули – Август 2025
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАСТАВНИЦИ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК – ИДТ 2025
IDT 2025 – Ние бевме дел од светскиот настан во Либек!
Во периодот 28.7 – 1.8.2025 во Либек, Германија, се одржа 18 Интернационална конференција на наставнички и наставници по германски јазик – IDT 2025.Чест и задоволство ни беше што и ние, како Здружение, бевме дел од настанот со повеќе од 2700 учесници – не само како гости, туку и како активни учесници во стручната програма.
2025
Драги љубители на германскиот јазик,
Со задоволство ве информираме дека годинава над 650 ученици од основните и средните училишта учествуваа на регионалниот натпревар по германски јазик, што се одржа на 13.03. 2025 одн. на 14.03.2025. Околу 300 ученици успеаа да се пласираат во големото финале на овогодишната национална Олимпијада по германски јазик, која за учениците од основните училишта се одржа во Охрид, а за учениците од средните училишта во Струмица.
Декември 2024
Во пресрет на најубавиот и највеселиот период во годината - Новата година и Божиќ, Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Македонија успешно ја реализираше идејата за одржување на Предновогодишен одн. Божиќен базар, кој имаше за цел да ја долови празничната атмосфера од новогодишните базари на германските метрополи, промовирајќи ја на тој начин автентично традицијата и културата на германскиот народ.
Покана за XVII. Конференција на наставници по германски јазик во Поградец, Албанија
Под мотото „Да се проговори: Дизајнирање на процесите на поучување и изучување на предметот германски како странски јазик во свет кој се менува“, во периодот од 13 до 14 Декември, во Поградец ќе се одржи 17 Конференција на наставници по германски јазик и книжевност, организирана од страна на Здружението на наставници по германски јазик на соседна Албанија.
Октомври 2024
Обуки за усовршување на наставници по германски јазик во Германија!
Гете-институтот и оваа година нуди атрактивни програми за усовршување на нашите професионални компетенции во Германија.
Искористете ја можноста да ги проширете вашите знаења и вештини, стекнувајќи нови идеи за унапредување на вашата настава.
Август 2024
Прва работна средба на тимот пред стартот на новата учебна година
На прагот на новата учебна година, членовите на тимот на Претседателството во проширен состав, на прва работна средба во живо во Прилеп.
Мотивирани, енергични и исполнети со креативни идеи, спремни за планирање и реализација на нови активности.
Јули 2024
Интернационална Олимпијада по германски јазик (IDO) 2024
Под мотото „Создавај знаења, креирај иднина“, оваа година од 15.07. до 22.07.2024 се одржа најкултниот натпревар по германски јазик на светско ниво - ИДО 2024.
Нашата Ана Котевска освои златен медал во категоријата на Б2 ниво. Ана, честитки од срце!
Март 2024
Државната олимпијада по германски јазик 2024
На 16.03.2024 година во Гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, се одржа големото финале на Државната олимпијада по германски јазик на која свое учество зедоа 222 ученици од основните училишта и 100-тина ученици од средните училишта.Благодарност до сите натпреварувачи, кои со поддршката на своите ментори беа дел од настанот, на сите поддржувачи на Германската олимпијада и се разбира на домаќините за нивното гостопримство.
Февруари 2024
Регионален натпревар по германски јазик 2024
На ден 24. 02. 2024 година се одржа Регионалниот натпревар по германски јазик.На наше задоволство на овој натпревар учествуваа 780 ученици од основните и средните училишта во Македонија. Најдобрите 320 ќе ги одмерат силите на претстојниот Државен натпревар, што ќе се одржи на 16.03.2024 во Скопје, во Гимназијата „Георги Димитров“.
Октомври 2023
14 - ти Конгрес на наставници по германски јазик од БиХ на тема „Култура во фокусот - учење преку употреба на културолошки содржини“
Претседателката на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност Габриела Темелкоска , заедно со Вице претседателката Нина Илиќ, учествуваа на 14. Конгрес на наставници по германски јазик од БиХ на тема „Култура во фокусот - учење преку употреба на културолошки содржини“, што се одржа од 13.10. до 16.10.2023 на Филозофскиот факултет во Сараево, БиХ.
Октомври, 2023
Панел дискусија „Кариерни можности преку изучување на германскиот јазик“ и работилница на Гете - Институтот Скопје
Околу 100-тина ученици од 6 средни училишта од различни краеви на нашата држава, учествуваа на панел дискусијата „Кариерни можности преку изучување на германскиот јазик“ и на работилниците на Гете - Институтот Скопје, во рамките на овогодинешниот саем на добавувачи за Балканот EXPO - SUBEX 2023, организиран од страна на Делегацијата на германската стопанска комора во Северна Македонија (АХК).
Мај 2023
Државна олимпијада по германски јазик за основно образование
На ден 27.05.2023г. се одржа годишната Државна олимпијада по германски јазик за учениците од основните училишта, на која верувале или не, учество зедоа повеќе од 275 дечиња - љубители на германскиот јазик и култура, кои се натпреваруваа во четири категории од шесто до деветто одделение и уште еднаш потврдија дека навистина фразата Deutsch macht Spaß не е само обична изрека, туку стварност.
ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА МКДВ
Да се зборува странски јазик е богатство, но да се зборува германски јазик во денешно време, во оваа дигитална ера е ПРИДОБИВКА која секому му овозможува да цели кон повисоки остварувања на секое поле.
Тоа е и главната причина поради која ние како германисти, се залагаме за што поквалитетна и посовремена настава која ќе им овозможи на нашите ученици да развиваат пред сè јазични, но и социо - културни вештини преку кои ќе го имаат светот на дланка.

Габриела Темелкоска
Претседател, (2023 - 2027)
ЧЛЕНОВИ
Согласно статутот на Здружението, член на Здружението може да биде секој државјанин на Македонија кој ќе го прифати Статутот на Здружението и ќе ги поддржува
неговите активности.
Во моментот Здружението брои околу 120 активни членови, наставници од основните и
средните училишта.



























